НАСКОРО МИРАВЦИ ЌЕ ДОБИЕ МОНТАЖЕН ПАЗАР

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 25. седница, донесе Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проектот: „Поставување монтажна урбана опрема во функција на пазар во н.м. Миравци, општина Гевгелија“. 

Имено, Општина Гевгелија со овој проект аплицира на Јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2023 година по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој. 

Со проектот се предвидува поставување мобилна урбана опрема, поставување монтажна настрешница и монтажни тоалети од јавен карактер, како и еден тоалет за лица со посебни потреби. Средствата за сопствено учество во висина од 780.600 денари за реализација на овој проект ќе бидат наменети од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *