НА „КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС” – ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА 1 ВО КАТЕГОРИЈА НА 35 КМ, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 7 ВО КАТЕГОРИЈА НА 18 КМ

WEB Телевизија во живо

По десетти пат Прилеп и неговата околина, денеска беа домаќини на првиот и најголем интернационален настан во планинско трчање во Македонија – Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”. Крали Марко Треилс е меѓународен спортско-рекреативен настан кој на еден посебен начин ја претставува македонската култура и традиција и придонесува во развојот на авантуристичкиот туризам во нашата земја. На овогодинешното издание на Крали Марко Треилс учествуваа 200 натпреварувачи, во машка и женска конкуренција, од 10 држави.
 
Оваа година Гевгелија ја претставуваа Валентина Узунова, членка на ЗПСК „Кожуф“, која во култната трка, на патеката „Камена Баба Треил“ на 35 километри и висинска разлика од1900 метри, по тешки услови за трчање, беше прва во својата категорија, додека во генерален пласман кај жените заврши на 7 место.
 
На најстарата планинска трка во Македонија наречена „Трескавец Треил“ која е долга 18 км со 1,000 метри вкупно искачување настапија Методија Ичев, кој беше 5 во категорија и 20 во генерален пласман и Станислав Стоименов, двајцата од ЗПСК Кожуф, како и Мијалчо Андоновски од екипата на АК „7-Ми Ноември“.
 
Двете патеки на Крали Марко Треилс поминуваат низ споменикот на природата и заштитено подрачје Маркови Кули во планинскиот огранок на планината Бабуна, околу твдината Маркови Кули, Манастирот Трескавец, Камена Баба, Единак, Кукул… Овој вонземски пејсаж, препознатлив по карактеристичните карпи кои се составени од богатство на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот – метаморфни карпи-гнајсеви кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *