НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 31 ГОДИНА СЕ „РОДИ“ ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКИ ПЕСНИ „КАЛИНКА“

WEB Телевизија во живо

Еј калинке…..калинке, моме здраво лично
Како тебе овошје нема друго слично.
На денешен ден, 2 март 1992 година, во Пионерскиот дом во Гевгелија, се роди детскиот фестивал „Калинка.
 
Меѓу идејните творци и организатори на овој фестивал во овие мигови да ги споменеме: Нада Ристова, директор на Фестивалот, Томислав Таневски, кој од самиот почеток на Калинка па се до 2000 година беше уметнички директор на фестивалот и Ѓорѓи Цуклевски, кој веќе не е меѓу нас, а кој до одржувањето на јубилејната 20 Калинка беше уметнички директор. 
 
Би ги спомнале и Ѓорѓи Хаџи-Николов-кој исто така не е меѓу нас, а беше најголемиот виновник за прекрасните сценографии на Калинка, Васко Шутаров и вработените во Пионерскиот дом од 1983 година, кои самопрегорно се подаруваа да организираат успешни културни манифестации а меѓу нив и фестивалот „Калинка„. 
 
Исто така треба да се одбележат и доктор Сретко Јованов, Ѓорѓи Атанасов –првиот претседател на Општина Гевгелија, во чие време се создаде Калинка, како и сите градоначалници во чиј мандат се одржуваше овој фестивал, а особено Иван Франгов во чиј мандат во 2012 повторно се роди Калинка која имаше тригодишна пауза, и сегашниот градоначалник Андон Сарамандов, кој заедно со Советот на општината го возобновуваат овој детски музички фестивал..
 
Калинка најмногу години соработуваше а нејзините песни се снимаа во тонското студио Кларион од Скопје и продуцентот Дејан Ангелевски.
На првата „Калинка“ беа изведени следниве песни
1 Калинки Хор „Калинки“
3:10
2 Фармерки Петар Манчев
2:52
3 Силвија Марјан Шопов
2:35
4 Љубовта е волшебна Костадинка Цуклевска
2:38
5 Мамо сакам батенце Зорица Сапламаева
2:00
6 Кукличка Силвија Тушевска
1:53
7 Црвенкапа Тодорка Узунова
1:52
8 Дона примадона Татјана Маркова
2:46
9 Знамето на мирот Слободанка Калова
2:07
10 Да пееме за мир Јова Радевска
3:04
11 Пишувам писменце Ирена Којковска
2:25
12 Хит до хит Ристо Џиџев
2:04
13 Една оса Анета Ристова Василева
2:02
14 Глувчето Мите Сребра Пашевска
1:50
15 Кукличката Моника Маја Карагошева
1:50
16 Малиот Мишко Марија Пандева
1:43
17 Што ќе бидам Стојанчо Бацев
3:03
18 Два пронајдока Наде Петрушева
2:21
19 Ај на здравје Ангел Катаров
1:23
 
Како автори на музиката се појавија еминентни композиторски имиња какоТомислав Которчевиќ, Хилми Билбил, Ванчо Димитров, Никола Фириев, Мојца Седеу, Мирослав Костадинов, Ратко Пајдаков, Ѓорги Цуклевски, Д. Ристова.
 
Фестивалот „Калинка„низ годините, ја пишуваше својата музичка историја, влегуваше во секој дом, во секоја градинка и во секое училиште каде што има деца.ја градеше својата безвременска улога да ги прави радосни и среќни децата. 
 
Имаше Калинка убави и помалку убави но имаше и ѕвездени години. И покрај се`, и покрај неколкугодишните паузи, таа манифестација денес го доживува својот 31 роденден.
 
За 20 год. на Калинка беа создадени 520 нови детски песни, од познати и помалку познати автори, аранжери, музички педагози и текстописци .Калинка ги исполнуваше соништата на децата кои учествуваа на овој фестивал.
 
Се надеваме дека тоа ќе биде така и на овој фестивал „Калинка 2023“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *