НА 30 МАРТ ВО ФИЛДОВИОТ МУЗЕЈ ВО ЧИКАГО СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА „ПРВИТЕ КРАЛЕВИ НА ЕВРОПА“

WEB Телевизија во живо

Во просториите на НУ Завод Музеј од Битола на 11. Март 2023 год., министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одржа прес-конференција по повод поставувањето на меѓународната археолошка изложба “Првите кралеви на Европа” која во организација на Филдовиот музеј од Чикаго, свечено ќе биде отворена на 30 март 2023 година. На отворањето на изложбата ќе присуствуваат претставници на Националните установи и координаторот на овој проект.
 
По отворањето на скратениот програм на изложбата во Институтот за древни студии во Њујорк, нејзината следна дестинација е Гатино во Канада, каде истоимената изложба ќе биде отворена во Историскиот музеј на Канада.
Дваесет и пет музејски установи од единаесет земји од југо/источна Европа, помеѓу кои и Република Северна Македонија ќе ги претстават своите одбрани археолошки колекции во пресрет на насловот на изложбата.
 
Покрај експонатите од НУ Завод-Музеј од Битола, скиптарот од Шуплевац кој воедно е и носител на решението за изнесување на културно наследство во странство, учество земаа и НУ Завод-Музеј од Прилеп со неолитски жртвеник од Врбјанска Чука и НУ Музеј од Гевгелија, со „Благородничката од Милци“, како што истакна националниот координатор на проектот Гоце Наумов.
 
НУ Музеј – Гевгелија ќе ја претстави благородничката/принцезата од Милци, која помеѓу, досега откриените 236 гробни конструкции од некрополата Милци, претставува единствена комбинација на личен накит и култни бронзи откриени покрај една особа. Посебно треба да се истакне откриената култна палка, положена покрај телото на покојничката, врз основа на која почива и истакнатиот социјален и општествен статус на особата, која за живот, најверојатно била виден член на локалната заедница стационирана во праисториската населба, чии трагови се евидентирани на археолошкиот локалитет Вардарски Рид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *