НА 24-ТА, ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СОВЕТНИЦИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ФИНАНСИСКО УЧЕСТВО ОД БУЏЕТОТ ВО ПЕТ ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија утре, понеделник, 6 март, ќе ја одржи својата 24. Вонредна седница. На седницата советниците ќе дискутираат по петте предлог одлуки за сопствено учество во реализација на пет проекти.
 
Имено, Бирото за регионален развој распиша јавни повици за доделување на средства на општините за финансирање на урбаните подрачја и одржлив урбан развој, проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на селата, како и од Бирото за Регионален развој од програмата за рамномерен регионален развој.
 
На овие повици Општина Гевгелија ќе аплицира со пет предлог проекти, за кое е потребно советниците да дадат позитивно мислење за учество на општината со сопствени средства. Се работи за „Проектот за на реконструкција на Младинскиот дом во Богородица“, „Реновирање и адаптација на сместувачкиот објект на Смрдлива вода“, „Поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец, Мрзенци, како и во општина Гевгелија“, „Поставување на урбана опрема, контејнери и канти за рециклирање на отпад во градот Гевгелија“ и „Реконструкција на Спортски центар „Партизан“ во Гевгелија“.
 
Седницата ќе се одржи во малата сала на Народниот театар со почеток од 10,30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *