МИНИСТЕРКАТА ШУКОВА ВО ТОП ТЕМА:

WEB Телевизија во живо

МИНИСТЕРКАТА ШУКОВА ВО ТОП ТЕМА:
РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА ЗА ЈУГОИСТОКОТ И ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН ЌЕ БИДЕ ВО ВАСИЛЕВО
 
Обезбеден е заем од 55 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за изградба на регионални депонии за пет плански региони во земјава, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „Топ тема“ на Телма.
 
Таа додаде дека покрај овие пари обезбедени се уште 9 милиони швајцарски франци како грант од швајцарската Влада.Со заемот ќе се обезбеди основната инфраструктура, трансфер станици, централна депонија и опрема за да може да се собира отпадот. Централната депонија за Југозапад и Пелагонија ќе биде во Новаци, во близина на РЕК Битола, додека централната депонија за Југоисток и Вардарскиот регион ќе биде во Василево, нагласи Шукова.
 
Во Полог ќе се санира депонијата Русина, каде што швајцарската Влада веќе има инвестирано. Оваа депонија може да се користи уште пет години, па во меѓувреме се бара нова локација за нова регионална депонија. Другите четири региони опфатени со проектот се Југозапад и Пелагонија, како и Југоисток и Вардарски регион, истакна Шукова.
 
Министерката додаде дека за Југозападниот и Пелагонискиот регион изработена е потребната документација согласно европските стандарди и тие депонии ќе се прават со првата транша.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *