ЛЕГЕНДАРНИТЕ „ПАРНИ ВАЉАК“ СО НОВ ПЕЈАЧ И НОВ СИНГЛ.

WEB Телевизија во живо

„Парни ваљак“ овој четврток го претстави својот нов пејач и својата нова песна, по прераната смрт на „големиот“ Аки Рахимовски.
 
Новата песна се вика „Мојата глава, мои правила“, а новиот пејач е оној за кој веќе подолго време се шушкаше дека би можел да го замени Аки во „Парни Ваљак“, и за кој ВЕЧЕР пишуваше неодамна ќе биде Игор Дрвенкар.
 
Најпрво во игра беше неговиот син Кики Рахимовски, исто така пејач чиј глас силно наликува на Аки. Потоа како можна замена се зборуваше за младиот Филип Рудан, особено популарен меѓу тинејџерките, за на крај Хус да се реши за Игор Дрвенкар
Пејачот Игор Дрвенкар е познат по впечатливите настапи во емисијата „А страна“ на ХРТ а имаше и своја група „ГЕА“со која сними и авторски албум. Избраникот на Хус, Игор, настапи на театарската сцена во мјузиклите „Исус Христос суперѕвезда“ и „Убавицата и ѕверот“, во кои дури ја играше и насловната улога на Ѕверот.
 
Хус никогаш не брзаше со изјавите за тоа кој би можел да го наследи Аки. Тој, како и останатите членови на Парни Ваљак, беше потресен од ненадејната загуба и во медиумите последната година секогаш многу емотивно зборуваше за него и нивните настапи.
 
„ Ппомина повеќе од една година, сè уште Аки ни е болна тема… Има работи кои се невозможни а нас ни останува она што е возможно. Живееме за да свириме,а не свириме за да живееме. Едноставно треба да свртиме нова страница. Тоа е крајната линија. Никој никогаш не може да го замени Аки, ниту пак тоа е намерата. Имавме долго, длабоко и убаво патување заедно со него“, ни рече Хус.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *