КОНЦЕРТИ ВО СЕЌАВАЊЕ И ПОЧИТ ЗА ГИТАРИСТОТ ЏЕФ БЕК

WEB Телевизија во живо

Сандра Бек и Ерик Клептон, заедно со Triple A Entertainment Group Ltd, најавуваат концерти на колеги и пријатели на легендарниот рок гитарист во чест и сеќавање на се она што го даде на светската рок сцена покојниот Џеф Бек.
Концертите ќе се одржат во Ројал Алберт Хол на 22 и 23 мај 2023 година.
 
Џефри Арнолд Бек, роден на 24 јуни 1944, почина на 10 јануари 2023 беше англиски гитарист. Тој се прослави како член на рок бендот „Јардбрдс“, а потоа ги основа и беше предводник на групата Џеф Бек и Бек, Богерт и Апајс. 
 
Во 1975 година, тој се префрли на инструментален стил со фокус на иновативниот звук, а неговите изданија опфаќаа жанрови и стилови кои се движат од блуз рок, хард рок, џез фузија и спој на гитарата и електроника.
 
Бек беше рангиран во првите пет на листите на Ролинг Стоун и други списанија на рангирањето на најголемите гитаристи.Често го нарекуваа „гитарист над гитаристите“. Списанието „Ролинг Стоунс“ го опиша како „еден од највлијателните гитаристи во рок музиката“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *