ИЗЛОЖБА НА М-Р ВЛАДИМИР ТЕМКОВ ВО ЛИКОВНАТА ГАЛЕРИЈА „АМАМ“

WEB Телевизија во живо

Во Ликовната галерија „Амам“- Гевгелија,на 22 март 2023 година, ќе бидат поставени делата на м-р Владимир Темков. Отворањето на изложбата е со почеток во 19:30 часот, а влезот е слободен. Настанот е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј Гевгелија.

Владимир Темков (Кавадарци, 1959) дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде што ги завршил и магистерските студии на отсекот сликарство.

Првата самостојна изложба ја имал во 1983 година, во Музеј галерија во родниот град Кавадарци, а досега имал 40-тина самостојни претставувања во Македонија, Бугарија, Србија, Турција и Хрватска. Бил учесник на многу ликовни колонии и групни изложби во земјата и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *