ИМА НЕШТО ТРУЛО ВО ФОНДОТ ЗА ПИОМ И ВО ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА

WEB Телевизија во живо

Државниот завод за ревизија во својот извештај откри дека поради нецелосни податоци и грешки при нивно внесување, пари кои му се уплаќани, ПИОМ не може да ги користи, па идните пензионери нема да може да добијат целосни пензии.
Од друга страна, поради ненавремена достава на податоци, има неоснована исплата на пензии, а само мал дел од овие пари се вратени назад во буџетот на ПИОМ.
 
Како причина за лошото работење се наведува недостиг на стручен кадар во Фондот.
Во исто време, пензионерите го кренаа гласот против лидерите на своите здруженија. Велат дека таму се закотвени со децении и ги обвинуваат дека незаконски ги трошат нивните пари, кои на годишно ниво се повеќе од 10 милиони евра.
 
Пензионерите бараат да се ограничи мандатот на претседателите на четири години, но и да се организираат демократски избори и во здруженијата и во Сојузот на пензионери. Тие побараа од Владата со зо закон да ја намали големата разлика помеѓу најниските и највисоките пензии која во моментов е 6:1.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *