„ГРАН ПРИ“ ЗА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ФЕСИВАЛОТ „ТОДОРИЦА 2023 „ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

WEB Телевизија во живо

Играорците од Ансамблот „Бојмија“, се враќаат од Свети Николе од Меѓународниот фестивал на изворна музика „Тодорица 2023“, со освоена Гран при награда на фестивалот. Тие, на овој реномиран фестивал се претставија со влашки изворни песни и ора од гевгелискиот крај. Со ова, „Бојмија“ го повтори успехот од 2018 година, кога исто така ја освоија првата награда на овој фестивал.
 
Инаку, со овој меѓународе фестивал на изворен фолклор, Свети Николе го одбележа празникот на градот Тодорова сабота. Фестивалот започна со прием кај градончалникот Дејан Владев, продолжи со дефиле на учесниците низ градот, по што настаните продолжуваат во кино салата во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Во програмата учествуваа групи кои негуваат изворен фолклор од Македонија, Бугарија и Србија,
 
Празникот Тодорова сабота или кај народот познат како Тодорица во Свети Николе се слави од памтивек, во чест на Светиот Великомаченик Теодор Тирон . Односно не постојат записи, меѓутоа како и секое населено место што имало определен празник кој го славеле и на кој се одржувал панаѓур и народен собор, така и Свети Николе години наназад го слави овој верски празник.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *