ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ПРИ ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ГО СЛАВЕШЕ ДЕНОТ НА ТЕАТАРОТ СО КАМИШИБАИ ВЕРЗИЈА НА ПЕПЕЛАШКА

WEB Телевизија во живо

Tринаесет дечиња од Драмската секција при
ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова, го одбележаа Светскиот ден на театарот со камишибаи интерпретација на сказната „Пепелашка“. 

Присутната публика имаше можност аудитивно и визуелно да ја доживее „Пепелашка“ преку детскиот глас на членовите на Драмската секција и менување на илустрациите во сценско кутивче, нацртани од ликовниот уметник Александар Јанев, кој раководи со Ликовната секција во рамки на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
 
Пред интерпретацијата на „Пепелашка“, на публиката и беше прочитaн дел од светската порака за Интернационалниот ден на театарот, напишана од египетската актерка Самиха Ајуб и објаснет терминот камишибаи како јапонска форма на театарско изразување- уметност на слики што зборуваат, се движат и раскажуваат приказна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *