ЧЕТИРИ РОМАНИ ВО НАЈТЕСНИОТ ИЗБОР ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

WEB Телевизија во живо

Романите „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“), „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) и „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ(„Арс Либрис“) влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
 
Жири-комисијата во состав Симона Јованоска (претседателка), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопштат името на лауреатот на прес-конференција што ќе се одржи во среда, на 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
 
Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
„Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат, а на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *