АКО ТЕАРЦЕ ИМА СКУЛПТУРА НА ГРАВЧЕТО, ВО ГЕВГЕЛИЈА МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВИ СКУЛПТУРА НА СМОКВАТА

WEB Телевизија во живо

Скулптура насловена „Грав(че)“ на скулпторот Љубиша Камењаров стои во тетовското село Теарце, Самата идеја и начинот на кој е изработено ова уметничкото дело, од прва привлекуваат внимание, познавајќи го и позитивниот однос на луѓето кон ова растение и храна. А Теарце е вистинското место за скулптурата посветена на гравот, кој таму се произведува и е важен дел од кулинарската култура во Македонија.
 
Бидејќи, секоја година, во општина Гевгелија се организира манифестацијата „Смоквијада“ традиционална фестивалска манифестација која се одржува во Гевгелија од 2007 година, зошто да не се размислува нешто слично, како и за гравот, да се постави во Гевгелија некаква скулптура или инсталација која ќе биде заштитен знак на Смоквијадата.
 
Смоквијадата е гевгелиски бренд, бидејќи таа е најголемото јавно приготвување на слатко од смокви во земјата. Но, Смоквијада не претставува само фестивал на смоквите – медитеранско овошје, кое се огледува и од него произведува најквалитетното слатко, туку и промоција на традиционалната храна и производи во пограничниот регион.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *