92 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АНТЕ ПОПОВСКИ

WEB Телевизија во живо

Анте Поповски беше поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во село Лазарополе, а почина на 1 октомври 2003 година во Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје. 
 
Бил член на Извршниот совет на СР Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, потпретседател на републичката комисија за културни врски со странство (во СРМ), претседател на Друштвото на писателите на Македонија (два мандата), претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (два мандата). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар.
 
Автор е на 15 поетски книги. Неговата поезија е преведена на многу светски јазици и е добитник на наградите-„Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“, „Гоцевата повелба“ и на меѓународната награда “Premio Europa”.
Треба да се истакне важноста и големината на поезијата на Поповски на македонската книжевна мапа, особено лирските дострели на овој поет како едни од најголемите и најсигнификантни во современата македонска поезија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *