21 МАРТ, СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

WEB Телевизија во живо

ТИЕ МОЖЕ ДА БИДАТ РАБОТОСПОСОБНИ И ДА ЖИВЕАТ САМОСТОЈНО, ЗАСЛУЖУВААТ ДОСТОИНСТВО И ПОЧИТ
 
Денес е светски ден на лицата со Даунов синдром. 21 март е симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба
Овие лица живеат во нашиот свет, само треба да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација кога ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица
 
Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром. Луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.
 
Лицата со Даунов синдром може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно.
Ова секојдневно ни го покажуваат и корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби Гевгелија, како и корисниците на Центарот Мајка Тереза од нашиот град, и слободно може да кажеме дека општина Гевгелија е пример како треба една локална самоуправа да се однесува со оние лица кои се исти како и сите нас.
Од Општинскиот буџет се издвојуваат средства за обезбедување на превоз на лица со посебни потреби.
 
Во 2020 година, Општина Гевгелија спроведе два проекта во рамки на програмата Општинско-корисна работа, со која овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено, скратено, работно време. Проектот „Отворена врата за социјална инклузија и градење подобра заедничка иднина“ се реализираше заедно со општините Дојран и Богданци. 
 
Беа ангажирани три невработени лица, два физиотерапевта и еден асистент на физиотерапевт во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија. Додека, во проектот „Можности за сите“ беа вклучени пет лица, три во Дневниот центар за лица со посебни потреби, од кои еден социјален работник и двајца негуватели, едно лице како личен асистент на дете со попреченост и едно лице како образовен асистент на дете со попреченост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *