ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ KАЈ УЧЕНИЦИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

WEB Телевизија во живо

Во организација на Општина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во Средноучилишниот центар, беше одржана работилница на тема: „Социјален дијалог за упис во средното образование на општинско ниво“. 

На средбата беа поканети и присуствуваа претставници и раководители од локални компании, директори на основните училишта, претседатели на стручните активи и координаторот за практична настава во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, како и претставници на општинската администрација од Одделението за образование во Општина Гевгелија.

Воведно обраќање на работилницата имаше директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, која ја искажа својата благодарност за присуството на претставниците од бизнис-заедницата, како и за придонесот во креирањето образовни политики согласно потребите на пазарот на трудот во општина Гевгелија, процесот за успешната подготовка за уписот на ученици во средното образование за учебната 2023/2024 година и унапредување на средното стручно образование. 

Притоа, преку презентација сподели статистички податоци за бројот на запишани ученици во струките, при што беше констатирано дека интересот на учениците за средно стручно образование расте по воведувањето на дуалниот модел на стручно образование и учење низ пракса во СОУ „Јосиф Јосифовски“, во соработка со локалните компании. Во отворената расправа за унапредување на стручното образование, согласно потребите на пазарот на трудот во Гевгелија, од страна на претставниците на бизнис-секторот беше укажана потребата за воведување електротехничка струка.
 
Работилницата беше спроведена во рамки на Кампањата на Министерството за образование и наука: „Учи паметно, работи стручно“, која има за цел да ја подигне јавната свест за средното стручно образование, да едуцира и информира за неговата важност за националната економија преку унапредување и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *