ЖЕНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛКИ ЌЕ ДОБИВААТ ДЕВЕТМЕСЕЧНО ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ЗА МАЈЧИНСТВО

WEB Телевизија во живо

На вчерашната седница, Владата донесе одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.
 
За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. 
 
Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство.
 
Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и ги исполнува следните услови:
– Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство.
 
– Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.
– Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *