ЗАПОЧНА ПЕТТАТА НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“

WEB Телевизија во живо

Изминативе пет години преку оваа кампања се придонесе кон поврзување на лицата со ретки болести и нивните семејства, поддршка и помош во остварување контакти со семејства со кои би размениле искуства за својата состојба, не само низ Балканот, туку и низ целиот свет, порача претседателката на Здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска на старот на јубилејното, 5-та по ред сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.
Годинашната сезона е посветена на здравствените работници кои изминативе сезони помогнаа со нивните стручни совети, предлози, пишување текстови, ревидирање на материјали во реализација на кампањата.
Мојата благодарност оди и кај вас, медиумите, за вашата заинтересираност и поддршката што ни ја давате, истакна Лолеска.
 
Според Доц. д-р Иван Барбов треба да се најде системско решение по однос на набавка на лекови да се направи позитивна листа на лекови и така набавката да биде преку Фондот за здравство.
– Кога пациент ќе влезе во регистарот на ретки болести и ќе добие одобрение дека треба да го прими соодветниот лек, во најскоро време преку Фондот да може тој лек да се набави, без пациентите да чекаат со месеци или години. И пациентите со ретки болести да се инкорпорираат во здравствениот систем како сите останати болни, да нема терапија за ретки или неретки болести, постапката да биде иста за сите, додаде д-р Барбов, специјалист невролог и директор на Клиниката за неврологија.
 
Проф. д-р Данко Милошевиќ, детски педијатриски нефролог од Хрватска вели дека и тие се соочуваат со предизвици кога се во прашање ретките болести, но кај нив поприлично брзо оди постапката за одобрување лекови за овие пациенти.
– И во Хрватска исто така имаме проблеми, се бориме со многу работи. Можеби почнавме малку порано па некои работи кај нас се веќе решени. Многу работи што се решени на ова поле во западна Европа решени се и кај нас, вели д-р Милошевиќ.
 
Во моментов во земјава имаме дете кое трпи четврта епизода на враќање на болеста атипичен хемолитичен уремиски синдром и има ризик да заврши на дијализа и трансплантација. Д-р Нора Абази Емини истакна дека досега во Македонија не беше можно да се лекуваат овие пациенти со најновата терапија, Ravulizumab, a предност беше што тој лек е регистрран во Македонија.
– Министерството за здравство овој пак покажа волја да се доднесе побрзо во земјава и еве денес е потпишан договор и набрзо ќе го добиеме и ова дете ќе биде првпат ќе го прими лекот во нашата држава. Се надевам ќе се отвори патот и за кога ќе има потреба и други деца да можат да го примат, рече д-р Абази Емини.
 
Проектот „Ги запознаваме ретките болести“ ќе се реализира во текот на цел февруари на територијата на цела Македонија, годинава на над 70 локални и национални и 2 сателитски канали на македонски и албански јазик. И годинава на стартот на кампањата во боите на ретките болести ќе светне Самуиловата тврдина. Настанот ќе може да се следи во живо, денеска од 18:00 часот, на Facebook страната Ги запознаваме ретките болести. Покрај тоа, ќе бидат осветлени и зградите на општините Охрид, Дебрца и Струга, спомениците во центарот на Охрид, Спортската сала „Билјанини извори“, како и училишните згради.
 
Петтата сезона од Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ ќе биде заокружена со промоција на петтата поштенска марка со ретка дијагноза – Деца со ретки болести – Ихтиоза, со што повторно ќе бидеме први во светот со ваква поштенска марка и ваков редок начин на запознавање на граѓаните со ретките болести.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *