ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ХОТЕЛ „ФЛАМИНГО“ СОБРАНИ 79 КРВНИ ЕДИНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Во хотел-казино „Фламинго“ во Гевгелија на 23 февруари 2023 година, од 10 до 16 часот, Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина спроведе уште една успешна, втора по ред крводарителска акција.
Организаторите апелираа оваа акција да биде една од најмасовните до сега, и тоа се оствари. Во периодот од 10 до 16ч. вкупно беа собрани 79 крвни единици.
 
Организаторите изразија благодарност до хотел Фламинго за прекрасната организација, до вработените и останатите хумани граѓани кои даруваа крв за спас на нечиј живот.
Првата крводарителска акција во казино „Фламинго“ хотелот се одржа во ноември 2020 година како продолжување на хуманитарно-донаторски активности кои Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија ги реализираше од почетокот на светската пандемија со ковид-19.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *