ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЈАНКО УЗУНОВ, „МОМЧЕТО СО МАНДОЛИНА“ ОД ВАЛАНДОВО, НА ТИТО МУ ЈА ОТПЕАЛ „ДЕЛЧЕВ ВОЈВОДА“ А НАСТАПИЛ И СО АЛ БАНО.

WEB Телевизија во живо

Да беше жив, Јанко Узунов вчера ќе наполнеше 72 години. Узунов е роден на 15 февруари 1951 година во Валандово, во семејство по потекло од Богданци, а музичката кариера ја започнал на почетокот на седумдесеттите години на 20 век со првата снимка, „Магдалена”, песна на Димитар Масевски. Во 1969 година пристигнал на студии во Скопје – Земјоделско-шумарски факултет и по завршувањето на факултетот се запишал и на Музичката академија, наставно-теоретски одел. Како агроном, Узунов работел пет-шест години. Узунов починал ненадејно од срцев удар во Берово, на 24 август 2014 година, каде бил со својата сопруга Жаклина на одмор. Узунов започнал да се занимава со музика уште како дете. На деветгодишна возраст почнал да свири на мандолина, во музичката секција на училиштето. Неколку години подоцна, сестра му од Скопје му донела ученичка гитара и, оттогаш, тој се насочил кон гитарата. Учел сам, и веќе во 1966 година, во Валандово ја оформил рок групата „Златни стени“, која молскавично брзо стекнала популарност, и тоа низ цела Македонија. Групата настапувала и на тогашните актуелни гитаријади, а во 1969 година, на гитаријадата во Гевгелија, Узунов бил прогласен за најдобар гитарист и списането „Млад борец“ му доделило електрична гитара.

Узунов во текот на сета своја богата музичка кариера во македонската јавност бил доживуван како „Момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеал со Цветанка Ласкова, на Фестивалот во Опатија. Подоцна, Узунов започнал да се занимава и со новокомпонирана фолк музика, останувајќи запаметен како автор на песните „Чаки панкерот“ и „Звучна фантазија“. Во последните години од животот, Узунов бил насочен на работата на своето приватно музичко училиште „Узун“
 
Узунов има одржано голем број на концерти ширум светот, а особено беше омилен меѓу македоннците во Австралија, Канада и Европа. Меѓународна слава бележи и со концертните активности во Бугарији када со оркестарот на РТВ Софиа настапувал со Вили Казасијан, а на “Златниот Орфеј” ја делел бината и со големата италијанска ѕвезда Ал Бано. Пред легендарниот Маршал Тито ја опеал песната за „Делчев војвода“, а љубовта кон татковината Македонија била негова најсилна инспирација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *