ВО МИНАТОТО, НА ДВА ПАТИ ВО ГЕВГЕЛИСКО ЗАМРЗНУВАЛА РЕКАТА ВАРДАР

WEB Телевизија во живо

Иако во гевгелиско-валандовската котлина владее изменета средоземноморска клима, со топли и суви лета и благи зими, имало години кога зимите биле многу студени. Имено, зимно време честопати во Гевгелија дува ветерот наречен „вардарец“, кој е мошне студен, поради што понекогаш се случувало да замрзнат водите на малите реки, па дури и на реката Вардар. 

Од пишаната историја е познато дека во минатото, реката Вардар замрзнала на два пати, и тоа во 1895, како и во 1904 година. Во тоа време, преку мразот луѓето слободно минувале преку реката, дури и со превозни средства.
Инаку, во поново време, најниската температура забележана во Гевгелија, била на 27 јануари 1963 година и таа изнесувала -19,5 целзиусови степени.
 
(сликата е само илустрација, не е оригинал)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *