СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДОБРИ 200.000 ДЕНАРИ ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ О ТУРЦИЈА И СИРИЈА.

WEB Телевизија во живо

На вчера одржаната 23-та седница на Советот на општина Гевгелија едногласно е донесено Решение за доделување финансиска помош во вредност од 200.000 денари за настраданите подрачја од земјотресот во Турција и Сирија.

Средствата ќе бидат одвоени од Буџетот на општина Гевгелија и уплатени на сметката на Фонд за солидарност на Црвен Крст на Македонија.
Овој предлог на самата седница како дополнување на дневниот ред го достави претставникот од Левица, иако една недела претходно писмено беше веќе доставен предлог со иста намена, но со вредност од 300.000 денари од советничкта група на СДСМ.
За одлуката да биде одобрен помал хуманитарен паричен износ пресудно беше објаснувањето на градоначалникот на општината Сарамандов, кој ги извести советниците дека Општината веќе помага на Турција со самото тоа што испрати екипа пожарникари кои се’ уште се на терен во настарданите подрачја од земјотресот во Турција.
 
– „Испратени се со неопходните потреби – храна вода и 120.000 денари за патни трошоци. Затоа солидарната помош да биде 200.000 денари зошто не знаеме колку ќе бидат трошоците за екипата на пожарникарите која што е сега во Турција“ – препорача Сарамандов до советниците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *