СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА ДОЈРАН ПЕТ МЕСЕЦИ ЌЕ ДОНИРААТ ДЕЛ ОД СВОИТЕ ПАУШАЛИ, ДОДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АНГОВ ПОЛОВИНА ОД СВОЈАТА ПЛАТА, КАКО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

WEB Телевизија во живо

Не секој од нас може да направи големи работи. Но, можеме да правиме мали работи со голема љубов. “ Рекла своевремено најголемата хуманистка – Мајка Тереза.
 
Длабоко сочувствуваме со несреќата на Турскиот и Сирискиот народ, свесни сме колку е неопходна помошта од било каков вид за настраданите области.
Токму затоа, вчера, на 25- та седница на Советот на Општина Дојран, едногласно е донесена одлука еднократно да се исплатат средства во висина од 300.000 денари од општинскиот Буџет на донаторските сметки отворени за помош на настраданите во Турција и Сирија.
 
Прифатена е и иницијативата советниците при Советот на Општина Дојран во следните пет месеци да донираат дел од својот паушал на донаторските сметки отворени за настраданите од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.
 
Во следните пет месеци, во знак на солидарност ќе донирам 50% од мојата месечна плата за помош на настраданите во Р. Турција и Сирија.
Иницирано е да бидат отворени и пунктови за донации каде граѓаните ќе може да дадат свој придонес за настраданите во катастрофалниот земјотрес. За локациите дополнително ќе бидете известени.
Сите предложени инцијативи едногласно се прифатени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *