СО 268.000 ДЕНАРИ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија на својата 22. седница ја усвои Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија во 2023 година. Во Програмата се предвидени активности за подобрување на статусот на младите во Општина Гевгелија на возраст од 15 до 29 години, креирани согласно тематските области за младински политики и младинско учество во Националната стратегија на млади (2016-2025) година, а прилагодени на потребите на младите на локално ниво. 

Програмата ги опфаќа следниве тематски области: младинско учество, младинско информирање, образование, поддршка пред вработување и вработување, култура, спорт и квалитет на живот, со постигање на следниве цели: обезбедување ресурси за имплементација на младински политики и механизми за младинско учество на локално ниво, младите имаат заемна и зајакната соработка со институциите и организациите, достапност до информации од интерес на младите, надминување на невработеноста, збогатување на културно-забавниот и спортскиот живот преку креирање и спроведување културни и спортски политики и придонес во зачувувањето на животната средина. Активностите ќе се реализираат со средства од општинскиот буџет за 2023 година, во вкупен износ од 268.000 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *