РЕАЛИЗИРАНИ ДВЕ ДИСЕМИНАЦИСКИ СЕСИИ ВО КЛУБ НА МЛАДИ ПРИ ООЦК ГЕВГЕЛИЈА

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Гевгелија со дисеминаторот Памела Петровска успешно реализира две дисеминациски сесии за волонтерите.
 
Со знаење за историјата и почетоците на движењето на Црвениот крст се стекнаа 30 волонтери кои со целосно внимание го следеа дисеминаторот и беа активни во сите практични предизвици подготвени за нив.
 
Во првиот месец од 2023 год. Координативното тело на Клуб на млади при ООЦК Гевгелија бележи значителен раст на реализирани активности и волонтерски часови, а семејството на Црвениот крст веќе надмина бројка од над 100 млади активисти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *