ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ОДБЕЛЕЖАН СО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ ПОФАЛНИЦИ ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПРОЧИТАНИ КНИГИ.

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, вчера, понеделник, 6 јануари, го одбележа Патрониот празник- 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, со читање литературни творби, oд страна на ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, под менторство на професорките по македонски јазик и литература: Жаклина Атанасова, Бисерка Макревска, Тања Чугунцалиева и Славица Маркова.
 
Во рамки на настанот, покрај доделувањето Благодарници и подароци за учеството на учениците и нивните менторки, директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, им ги додели и Пофалниците на читателите со најголем број прочитани наслови во 2022 година.
 
Имено, за читатели со најголем број прочитани наслови во 2022 година, се прогласени Македонка Ризова, Иринка Тошева и Лефтерка Петкова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *