НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ НА 2022 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, во Македонија живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %.
 
Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е – 616 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
 
Во Општина Гевгелија бројот на живородени деца во четвртиот квартал од 2022 година изнесувал 43 додека таа бројка во истиот период во 2021 година изнесувала 48 живородени деца. Во истиот период, бројот на починати лица во Општината е 61 лице, за разлика од истиот период во 2021, кога таа бројка изнесувала 101 починато лице.
 
Природниот прираст во Општина Гевгелија е – 18, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *