ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА ЈАБЛАНИЦА, ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

WEB Телевизија во живо

22 февруари се одбележува како Ден на општина Јабланица и ден на одбележување на ослободувањето на градот во Втората светска војна. По тој повод на свечената седница на Советот на Општина Јабланица на присутните им се обрати градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов. При тоа тој истакна:
 
„Ми претставува огромна чест и задоволство што денес се обратив на Свечената седница на Советот на Општина Јабланица, Босна и Херцеговина по повод Денот на ослободувањето на Јабланица.
Моја желба е Гевгелија и Јабланица да ја продолжат и унапредат соработката како збратимени општини.
 
Веќе имаме успешна соработка на културен план, а со начелникот на општина Јабланица,Дамир Шабановиќ се согласивме дека во иднина потребно е да ја подобриме соработката и на стопански план, бидејќи и Гевгелија и Јабланица со својата местоположба имаат туристички потенцијали за нови инвестициони проекти.
Кога желбата за соработка и пријателство е заедничка, тогаш ваквата цел е остварлива.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *