ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПУЛА НЕ ГО САКА ТУРБО ФОЛКОТ ВО СВОЈОТ ГРАД. ГО ЗАБРАНИ КОНЦЕРТОТ НА АНА БЕКУТА И КЕБА.

WEB Телевизија во живо

И покрај големиот интерес на публиката, градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, го забрани концертот на кој на 25 март во „Домот на спортот“ во Пула требаше да настапат спрските пејачи, како Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба, со образложение дека „сака да го зачува идентитетот на граѓанската, европската и медитеранската Пула“.
Покрај Бекута и Којиќ, на концертот требаше да бидат и Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.
 
Концертот го организираше организацијата „Хилјадарка“, која веќе се договорила со градското претпријатие „Пула спорт“ да ја даде салата под закуп за 25 март, но кога градоначалникот Зоричиќ дознал за тоа – се било откажано, пренесува „Глас Истре“.
– Иако целиот тим на „Хилјадарка“ беше со голем ентузијазам за овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи да нема турбо фолк музика на јавните простори – велат од организацијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *