ФИЛМОТ„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ НА КРИСТИЈАН РИСТЕСКИ ПРЕД ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

WEB Телевизија во живо

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на 9 февруари, 2023 година, со почеток во 19:00 часот, ќе го емитува македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристевски. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 100 денари, а можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на емитувањето на филмот.
 
Во главните улоги настапуваат : Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, ДавидЈанакиев.
Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ наБоби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, некомуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергерсиндром. Иако Боби и Маја не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.
 
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ воБитола.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *