ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ВО ВЕСЕЛА АТМОСФЕРА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ МУЗИКА ЈА ПРОМОВИРАШЕ СВОЈАТА АВТОБИОГРАФСКА КНИГА „НА ПАТОТ КОН СТОТКАТА“ ВО БЕЛГРАД

WEB Телевизија во живо

Својата животна приказна г-ѓа Добрила Чабриќ ја напиша во деведесетите години од својот живот. Дека годините се само бројка потврди и промоцијата на нејзиниот 95 роденден и на нејзината автобиографска книга „На патот кон стотката“. 
 
Во арт клубот „Полет“ во Белград, се собраа голем број почитувачи на нејзината професионална работа од областа на музиката и актерството, пејачи, свирачи од КУД „Српска традиција“ , оперскиот пејач Илија Николиќ, и инструменталисти, како и нејзиниот спонзор Јагода Крнетиќ Јевтиќ.
 
Меѓу нив особено внимание предизвика присуството на легендарната поп-дива, Маја Оџаклиевска. Маја даде забелешка дека книгата требало да носи наслов „На патот до првата стотка“, а на тоа Доби и одговори дека „ти само оди по мој пат, стигни до стоката и јас ќе те чекам“на што доби голем аплауз од присутните.
 
Оваа актерка и пејачка, победничка на натпреварот „Никогаш не е доцна“, и покрај возраста , доминираше на вечерта со својот ведар дух.
 
„Кога ќе кажеш најстар, некако звучи старо, а јас не се чувствувам стар, рече Добрила на промоцијата. Кај мене изворот на младоста е во мојата душа, бидејќи сум опкружена со млади луѓе. Бранот на нивната младост ме носи, сите ме сакаат и јас живеам од таа љубов. “
 
Вечерта помина во читање на делови од книгата „На патот кон стотката“ на промоторите Рада Лотина и Љиљана Бошковиќ, и со многу, многу музика. вечерта беше исклучително интересна.
На крајот, што да речеме, освен ова, Доби, среќен ти роденден, уште многу денови на радост, среќа, добро здравје „На патот кон стотката“ и ја чекаме твојата промоција во Скопје!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *