ДЕМИР ХИСАР ЌЕ ЈА ДОБИЕ ПРВАТА СПОМЕН СОБА-МУЗЕЈ НА РАДИОТО НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА

WEB Телевизија во живо

Благоја Шундовски, основач, новинар, уредник, главен и одговорен уредник, директор и стечаен работник на ЈП Радио Демир Хисар, повеќегодишен член на Претседателството, Секретар и Претседател на Здружението на Јавните локални радиотелевизиски станици на Македонија на својот фејсбук профил сподели информација која е достојна за почит
 
Почитувани сограѓани демирхисарци,
Почитувани колеги од поранешните 29 локални јавни радиодифузни претпријатија (радиостаници),
Почитувани поранешни слушатели (и гледачи) на Радио (Телевизија) Демир Хисар,
Демир Хисар ќе добие спомен соба (музеј) посветена на чување, обработка, архивирање и презентација на аудио-визуелните записи создадени во рамките на програмата на Радио Демир Хисар (1985-2006) и Телевизија Демир Хисар (2000-2001).
Се работи за идеја којашто, заедно со Домот на културата и безрезервната поддршка на градоначалникот Никола Најдовски, а по големите и беспрупулозни, безочни и ступидни (скоро 17годишни) отпори, за прв пат ја презентирав во оваа 2023 г.
 
Особено сум среќен што идејата ја препознаа и поддржаа, пред сè, градоначалникот Никола Најдовски кој што, заедно со директорот на Домот на културата „Илинден“, Славче Велјановски, покажаа отворен, искрен и сериозен интерес за поддршка на проектот „СПОМЕН СОБА-РАДИО ДЕМИР ХИСАР“, а очекувам истото да го направи и Советот на Општина Демир Хисар којшто треба да ја одобри посериозната финансиска поддршка.
Од „затворањето“ на Радио Демир Хисар во 2006 год., дел од раководителите на Домот на културата „Илинден“ каде што Радио Демир Хисар користеше две простории (студио и редакција) сметаа и „туркаа“ теза (…и го продадоа како старо железо најстариот предавател, рачно изработен од рацете на Благој Петров, најпознатиот македонски радиотехничар), дека било каква иницијатива за функционален „спас“ на Радио Демир Хисар е неисплатлива.
 
Последнава година е пример, дека „работите“ може да имаат и обратен правец: поддршка на сите поединечни или колективни иницијативи за спас од трајно губење или уништување на огромен број аудио и видео снимки и технички ресурси на Радиото, создавани од 21 мај 1985 година, како дел од колективната наследство: меморија, историја и непроценливо материјално и нематеријално богатство.
Оваа есен, Благоја Шундовски, еден од основачите на Радио Демир Хисар, Славче Велјановски, директор на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар каде што се наоѓа студиото и сè уште (речиси во изворна верзија) постои техниката на Радио Демир Хисар, и Никола Најдовски, градоначалник на Општина Демир Хисар, потпишавме т.н. „Подготвителен трипартитен договор за соработка“ и поднесовме барање за одобрување средства за проекти од национален интерес „СПОМЕН СОБА РАДИО ДЕМИР ХИСАР“.
 
Проектот којшто со побарувањето беше буџетиран со 5 000 евра, е поддржан oод Министерството за култура на РМ како проект од национален интерес, со околу 1 700 евра. Парите, се разбира, не се доволни, но јавно демонстрираната поддршка и јавната нотификација, за нас се доволен повод за скромно задоволство и поттик, да истраеме во упорноста што несомнено ќе нè одведе кон постигнување на конечната цел:
Демир Хисар да ја добие првата „СПОМЕН СОБА/МУЗЕЈ НА РАДИОТО“ на Балканот, односно, во Европа!
Очекувам оваа информација да побуди интерес и спомени, пред сè, кај над 350 новинари, новинарски и програмски работници од 29-те јавни локални радиостаници во Македонија кои во 2005/2006, со владин декрет, и без да трепне нечие око, беа оставени на улица – без елементарна егзистенција и професионална иднина… Еден од нив бев и јас!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *