17 ФЕВРУАРИ, ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО. СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СО ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ НА РАБОТА НА НОВИНАРИТЕ

WEB Телевизија во живо

На денешен ден, 1946 година, во Скопје било основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. Точно пред 77 година во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија.За прв претседател едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”.
 
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари.
 
Со протестен марш од Владата до Собранието Здружението на новинарите (ЗНМ)и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) одржуваат протестен марш за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски изјави дека е време да се смени ваквиот амбиент и да се случат промени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *