151 ГОДИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – AKO ТИРАНИЈАТА Е НАСИЛИЕ, ТОГАШ РЕВОЛУЦИЈАТА Е ТИРАНИЈА ВРЗ НАСИЛИЕТО

WEB Телевизија во живо

„Другари, кој е со две срца, нека остане тука, а кој е со едно ама машко, нека тргне со мене. Ние не одиме на свадба, туку заминуваме за Македонија за да се бориме за ослободувањето на својот народ“. (Гоце Делчев)

Делчев неколку пати престојувал и во Гевгелија, а познато е дека првите членови на македонската револуционерна организација во нашиот град биле примени лично од нејзиниот идеолог, Гоце Делчев, во пролетта 1895 година, кога тој во деновите на Велигденските празници, навратил и во Гевгелија. Тој се задржал при тоа четири дена во градот и престојувал наизменично во куќите на Илија Докторов(во близина на денешната зграда на гимназијата), Томе Бајалцалиев(близу црквата Кирил и Методија) и Андон Динков(на местото каде денес се наоѓа католичкиот параклис).

Во куќата на Илија Докторов, тој ги вовел во Организацијата:Хаџи Нако-трговец, Илија Докторов-учител, Мицо Чанов-чубукчија, Андон Динков-бакалин, Томе Бајалцалиев-трговец и Никола Д Бојаџиев-главен учител во прогимназијалното училиште под егзархиска управа.

На денешен ден, 4 февруари 1872 година, во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Георги Николов Делчев, македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор, стратег и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, истакнат борец за македонската самостојност и самобитност.
 
Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “151 ГОДИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – AKO ТИРАНИЈАТА Е НАСИЛИЕ, ТОГАШ РЕВОЛУЦИЈАТА Е ТИРАНИЈА ВРЗ НАСИЛИЕТО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *