ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ-ПЧЕЛАТА НА ЦРКВАТА ХРИСТОВА

WEB Телевизија во живо

(Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веска, Нове, Новка…)
Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците.
Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата – апологетски, богословски, подвижнички и канонски, како и литургија наречена според неговото име.
 
На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.
 
Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики. Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанствот и се смета за основач на монашката традиција во источното православие.
 
Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божик, за кој се смета дека е крај на Божикните празници.
….Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.
Зошто на празникот на Свети Василиј Велики се става златник или паричка.
 
Историјата на « Василопитата » е еден настан, кој се случил во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија.
Во тоа време, свети Василиј Велики бил епископ на Кесарија и живеел во единство со неговите сограѓани, со љубов,
разбирање и помагање еден на друг.
Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакал да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој поминал близу Кесарија.
Јулијан побарал дарови, очекувајќи злато и скапоцености.
 
Но, светиот немал ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принел на злобниот цар.
Јулијан многу се налутил и ветил дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, и ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера. Поради тоа, свети Василиј побарал од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби и ќе го намалат неговиот гнев.
 
Исто така, епископот им наложил на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
Свети Василиј за време на богослужбата , имал небесно видение : Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, наредила да го повикаат маченикот Меркуриј и го испратат со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син.
 
Тогаш го видел и свети Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргнат против безумниот цар и го убил со своето копје.
Освестувајќи се од ова видение, свети Василиј, во придружба на неколку клирици, побрзал во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имал пострадано во Кападокија и видел дека од храмот биле исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чувале. Подоцна во градот стигнале вести дека Јулијан е убиен. Така се спасил градот Кесарија.
 
Но, тогаш свети Василиј се нашол во многу тешка положба. Требал да го подели златото, кое граѓаните го собрале за да се избават од гневот на Јулијан, и таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето.
Се помолил светителот и Бог го просветил што да направи.
Тој ги повикал своите ѓакони и помошници и им рекол да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите биле готови, епископот ги поделил како благослов на сите жители на градот Кесарија.
 
Во почетокот сите се зачудиле, а потоа нивното изненадување станало уште поголемо: кога секое семејство го пресекло лебот, во него пронашле злато, но не било кое, туку токму она што му го имале дадено на својот епископ. Така значи, со тогашната « василопита », свети Василиј им донел и благослов на луѓето и радост заради избавувањето.
Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случило во Кесарија.
За многу години !

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *