ВО ГЕВГЕЛИЈА, ВОЗДУХОТ Е ЛОШ ПОРАДИ ВИСОКА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ПМ 2,5 ЧЕСТИЧКИ

WEB Телевизија во живо

Институтот за јавно здравје им препорачува на граѓаните на Берово, Гостивар и на Тетово дека воздухот таму е екстремно лош поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички.
Како многу лош се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево поради зголемените концентрации на ПM 10-честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Во Скопје (Лисиче и Центар), Неготино и во Прилеп како лош поради зголемените концентрации на ПM 10-честички,
а во Кочани и Гевгелија поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички.
Ова се податоци од Европскиот индекс за квалитет на воздухот (Европска агенција за животна средина – ЕЕА).
 
Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, а поединци, кои им припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти. Како најчувствителни и под најголем ризик се децата помлади од 5 години, постарите граѓани (особено над 65-годишна возраст), бремените жени, лицата со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациентите со астма и ХОББ, дијабетичарите, луѓето што работат на отворено, социјално загрозени категории граѓани и пушачи, чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постојни респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *