ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРВАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ” НА СИЛА ОЖЕНУВАЊЕ” Е ПРИКАЖАНА ВО 1908 ГОДИНА ВО САЛАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЦРКВАТА “СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

WEB Телевизија во живо

Во времето од 1908 до 1912 година, за прв пат во градот започнале да се прикажуваат театарски претстави, чиј носител била учителската интелегенција.Во летото на 1908 годинс, по иницијатива и раководство на Васил Дудуклиев, тогашен студент по медицина во Бејрут, била прикажана пиесата “На сила оженување”. 

Наредната,1909 година се основала и театарска група, која ги прикажувала претставите во основното училиште кај црквата Свети Кирил и Методиј. Тука се прикажале “Ревизор” од Гогољ, “Разбојници” од Шилер и други. Сите овие делс се прикажувале на локален говорен јазик. 

На претставите доаѓале и младотурски чиновници и офицери. Во театарската група се истакнувале учителите Илија Колев, Ристо Урумов, Благој Тсшоќаев, Кирил Поп Иванов, Стојко Зафоров, Софија Карајанова, Вера Куслева, Олимпија Батанџиева и Венера Савева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *