УТРЕ Е БАДНИК: СИМБОЛ НА СВЕТЛИНАТА И ТОПЛИНАТА НА ДОМОТ

WEB Телевизија во живо

УТРЕ Е БАДНИК:
СИМБОЛ НА СВЕТЛИНАТА И ТОПЛИНАТА НА ДОМОТ И СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО.
 
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање.
 
Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
За православните христијани утре е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството!
 
Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.
 
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.
 
Внесување на бадникот е проследено со обредно внесување на сламата и сито кое е наполнето со сите видови на пита, како и со суви овошја со кои се посипувал бадникот, а потоа се ситото се ставало на трпезата или до огништето.
 
Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.
Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.
 
Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *