УЛТРАВИОЛЕТОВА СВЕТЛИНА ГО ПОТТИКНУВА РАСТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ

WEB Телевизија во живо

Светлечките бои од ЛЕД светилките, кои се чини дека танцуваат низ полето навечер, го поттикнува растот на земјоделските култури и ја истакнува важноста на иновациите во создавањето на одржливо земјоделство.
 
Проектот наречен „ГРОУ“ (анг. Grow – расте) на холандскиот уметник и иноватор Дан Росегард е инспириран од фотобиолошки светлосни технологии, кои укажуваат дека одредени комбинации на сина, црвена и ултравиолетова (УВ) светлина може да го подобрат растот на растенијата и да ја намалат употребата на пестициди за 50 отсто.
 
„Гроу“ моментално го тестира својот вертикален „лесен рецепт“ на огромно поле со праз во Лелиштад во Холандија. Холандија е еден од најголемите земјоделски производители во светот, кој извезува 65 милијарди евра овошје, цвеќиња, зеленчук, месо и млечни производи на годишно ниво.
 
Специјализираните ЛЕД диоди често се користат за одгледување на земјоделски култури во пластеници и сѐ повеќе се користат во „вертикалните фарми“ во градовите. Сепак, научниците веруваат дека може да има потенцијал и во користење на ЛЕД диоди во повеќе традиционални и рурални средини.
 
ЛЕД диодите со соларен погон ја зголемуваат светлината што растенијата ја добиваат во текот на денот. Проектот на Росгард исто така истражува дали краткото изложување на некои бранови должини на УВ светлина може да ја намали потребата од пестициди.
 
– Специфична ултравиолетова светлина го активира одбранбениот систем на растенијата. А она што интересно е дека функционира на сите култури. На тој начин можеме да ја намалиме употребата на пестициди – вели Росгард.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *