УЧЕБНАТА ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА НА 23-ТИ ЈАНУАРИ, А ЌЕ ЗАВРШИ НА 10-ТИ ИЛИ 13-ТИ ЈУНИ ?

WEB Телевизија во живо

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека учебната година продолжува на 23 јануари.
 
Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. 
 
Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.
 
Министерот за образование Јетон Шаќири вчера не прецизираше дали учебната година ќе заврши на 10-ти или 13-ти јуни поради продолжувањето на зимскиот распуст.
 
-Важно е да се завршат 180 дена од календарот за настава, па евентуални дополнителни 3 дена по 10 јуни, не претставуваат никаков проблем, рече Шаќири.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *