СВИЊА ВО КЛАНИЦА ВО ХОНГ КОНГ „УБИЛА“ МЕСАР

WEB Телевизија во живо

Месар од Хонг Конг загинал при неуспешен обид да заколе свиња, соопшти градската полиција, пишува Си-Ен-Ен.
 
61-годишен месар, кој работел во кланицата Шеунг Шуи во северната периферија на градот, бил турнат од свиња која се борела за сопствениот живот. Месарот очигледно се повредил со ножот со кој се обидел да ја убие свињата.
 
Имено, месарот само што сакал да ја убие свињата – која веќе ја застрелал со електричен шок – кога таа се освестила и го турнала на подот, при што тој смртно се повредил .
 
Онесвестениот маж го пронашол неговиот колега. Несреќниот месар имал нож во раката и рана на левата нога, соопшти полицијата. Тој бил пренесен во болница, но подоцна била констатирана неговата смрт.
Полицијата соопшти дека допрва треба да се утврди причината за смртта.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *