ШТО ЈАДЕЛЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО МИНАТОТО ЗА ПРАЗНИЦИ И ВЕСЕЛБИ ?

WEB Телевизија во живо

ОД „НИШТО“ МОЖЕЛЕ ДА НАПРАВАТ ВКУСНИ ЈАДЕЊА! ЕДЕН ОД СПЕЦИЈАЛИТЕТИТЕ Е „АМАН БАЈЛДН“- ПЕЧЕНИ ЦРНИ ПАТЛИЏАНИ
 
Народот во гевгелискиот крај, пишува во своите записи наставникот Стеван Танов(иќ) се храни многу убаво. Особено во зима, кога нема многу работа, се оди на лов, а во зима подготвената зимница ги крмчоли(ги исхранува) се до Велигденските постови. Во лето луѓето се хранат слабо и јадат најмногу леб и таратор.
 
Народниот кувар е богат и разноврстен. Велат дека гевгеличани од ништо може да направат многу вкусно јадење, да си ги излижеш прстите.
Од јадењата кои се подготвуват во Гевгелија и околината, покрај неизбежните тавче гравче, ориз со или без месо, полнети пиперки, компир манџа, кокошка, дробче, најтрадиционални се: ЈАНИЈА- помрсно месо, со бамји или патлиџани ,ЧОРБА, од јајца , ДОЛМА- полнети црвени патлиџани пиперки или лозов лист, КАПАМА ДРОБ- јагнешки дроб со кошулица, ТРАНО- тарана со сецкан лук или праз , БАЛГУР-Тоа е пченица мелена, ЧАЛБУР – манџа од јајца и сирење, потпржено со црвен пипер е исто така типично гевгелиско јадење, КРАШНИК- Зелник со праз.
 
Сепак, специјалитетот кој се среќава во гевгелиско струмичкиот крај има чудно име
АМАН БАЈЛДН – ПЕЧЕНИ ЦРНИ ПАТЛИЏАНИ
Ваков вегетаријански ручек за време турско една наша невеста му го подготвила на некој турски достоинственик. Немала многу работи на располагање па ги искористила магдоносот и лукот и ги наполнила црните домати.
 
Кога било готово јадењето турскиот достоинственик едноставно не можел да престане да јаде, па на крај се прејал и пред да се онесвести извикал Аман бај`лдн. Значи толку му се допаднало јадењето што, како што велат старите, се бајалдисал-се занел јадејќи и не можел да престане.
 
Останува тајната, дали се онесвестил од што било јадењето многу вкусно или пак причината за неговото онесвестување бил фактот што јадењето било многу мрсно. Како и да е подгответе го ова јадење како неделен ручек. Вегетеријанците може да го комбинираат со пржен компир и сирење, додека гурманите кои не можат без месо, може да го стават месото во овој рецепт.
 
Како десерт пак, познати се неколку благи работи кои се подготвувале за секоја веселба или празник, САРЛИЈА –Вид на баклава, ПИЉАФ, варен ориз во вода и ТИКВЕНИК, колач од тиква, млеко и јајца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *