STAND UP НАСТАП НА „КАБАРЕ КАБАЕТ“

WEB Телевизија во живо

„ХУМОРОТ Е СЕКОГАШ ДЕЛ ОД НАШИТЕ ЖИВОТИ“
 
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во новата година ја започнува својата програма за работа со организирано гостување на кумановските актери и stand up комичари Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ и Чедомир Митевски со најдобрите парчиња од нивните досегашни настапи.. Тие пред гевгеличани ќе се претстават со stand up настап, насловен „Кабаре Кабает“.
 
Нивниот настап е на 11 јануари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 19:00 часот. Актерите, пред гостувањето во Гевгелија им се обратија на љубителите на комедијата со зборовите:
 
„Гевгеличани, хуморот е секогаш дел од нашите животи, темите се неисцрпни,а инспирацијата е секогаш присутна .Затоа, резервирајте го датумот 11 јануари во вашите агенди и бидете дел од незаборавно stand up шоу“- порачуваат комичарите.
 
Влезниците чинат 150 денари, а ќе бидат пуштени во претпродажба од 9 јануари (понеделник). Истите ќе можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08:00 до 16:00 часот и на самиот ден пред почетокот на културниот настан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *