СЕ РАСЧИСТУВАШЕ ТРАСАТА НА ПРВАТА ВЕЛОСПЕДСКА OFF ROAD ПАТЕКА НАД НЕГОРСКИТЕ БАЊИ

WEB Телевизија во живо

На 08.01.2023 година АМД Дичо Панов и Гевгелија Точак клуб спроведоа божиќна акција за расчистување од вегетација и пробивање на трасата на првата велосипедска Off road патека во месноста Долна Корија што се наоѓа над Негорските минерални бањи.
 
Во прекрасни временски услови добар амбиент и мотивираност беа обратотени околу 2 километри од идната вело патека на која кон средината на месец мај 2023 година ќе се оддржи првиот Гевгелиски Велотлон (комбиниран спортски натпревар возење на велосипед по Off road велосипедска патека, трчање и совладување на препреки.
 
Со завршување на овој дел од патеката целосно се истрасира велосипедската патека на која во наредниот период и предстои целосно мапирање, одбележување како и поставување на препреките.
Патеката во иднина граѓаните ќе може да ја користат за рекреативно возење на велосипед, пешачење и трчање.
 
Проектот Гевгелија Вело град кој го опфаќа и Гевгелискиот Велотлон е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. 
 
Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2 Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП UNDP MK.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *