ПРОФЕСОРОТ СО ХАВАЈКАТА, ИЛИЈА ЏАЏЕВ, СЕКОЈ БОЖИЌ ГО ПРЕПЛИВУВАШЕ ВАРДАР

WEB Телевизија во живо

Секој град, се вели, има свои знаменитости. Гевгелија, ќе каже во едно свое писание поетот Кирил Кангов, во своето блиско минато имаше своја жива знаменитост, свој жив имиџ. Го имаше Илија Џаџев. 

Во својот живот, низ планетата Земја, со својата хавајска гитара ќе помине околу 40 милиони километри, а тоа е исто како да ја обиколил земјината топка 80 пати. Својот работен век го помина како професор по географија во Училишниот центар во Гевгелија.
 
Вредноста на Професорот Илија Џаџев е во оригиналниот живот и поетичните замисли за неговиот свет . Да шири музика, да биде оригинално чуден и, меѓу другото… да плива во Вардар за Божиќ во јануари, а во Дојранското езеро во февруари!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *