ПОЧИНА ЏЕФ БЕК, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ РОК ГИТАРИСТИ

WEB Телевизија во живо

Џеф Бек, легендарниот рок гитарист, човекот кој свиреше со пионерите на хеви металот, групата „ Yardbirds“, а потоа беше лидер на бендот „Џеф Бек груп“ со Род Стјуарт , почина на 78-годишна возраст.
Бек починал во вторникот откако „ненадејно заболел од бактериски менингитис“, пишува Гардијан.
 
Често опишуванан како еден од најголемите гитаристи на сите времиња, Бек – чии прсти и палци беа осигурани на 7 милиони фунти – беше познат како голем иноватор. Тој беше пионер на џез-рокот, експериментираше со ефекти на фуз и дисторзија и го отвори патот за потешки поджанрови како што се психо рокот и хеви металот во текот на неговата кариера. Тој беше осумкратен добитник на Греми, добитник на наградата Ајвор Новело за исклучителен придонес во британската музика и беше примен во Куќата на славните на рокенролот и како соло уметник и како член на Yardbirds.
 
Џеф Бек во 2009 година по втор пат беше примен во Куќата на славните на рокенролот и во таа прилика објасни зошто „отскокнал“ од другите гитаристи.
„Свирам онака како што свирам, бидејќи тоа ми овозможува да ги добијам најлудите звуци. И тоа е поентата на сè, нели? Не ми е грижа за правилата. Ако не ги прекршам правилата барем 10 пати во секоја песна, тогаш не си ја работам работата како што треба“, рече Бек..
 
Тој е роден во 1944 година во Валингтон, Јужен Лондон. Како дете пеел во црковниот хор. Почнал да свири гитара како тинејџер, а својот прв инструмент го добил откако се обидел да измами музичка продавница преку шема за купување изнајмување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *