ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР И ПОДАРОЦИ ЗА МАЈКАТА ВИОЛЕТА И МАЛИОТ АНТОНИО, ПРВОРОДЕНЧЕТО ВО НОВАТА 2023 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Првото бебе во Општина Гевгелија, во Новата 2023 година се роди на 1 јануари 2023 година, точно во 13,20 часот на Одделението за Гинекологија и акушерство при Општата болница со проширена дејност. Новороденчето Антонио, е првата рожба на Виолета и Никола Делеви од Моин.
 
По тој повод, денеска, на прворотката, Општина Гевгелија и врачи ваучер од 20.000 денари и пригодни подароци за првото новороденче во 2023 година. Подароците од Општина Гевгелија, во присуство на директорот на Општата болница Гевгелија, д-р Митко Крџев, како и на лекарскиот тим и медицинскиот персонал кои го извршија породувањето, на мајката и ги додели претседателот на Советот на Општина Гевгелија, д-р Патрик Матх.
 
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати честитки до брачниот пар Делеви за новиот член во семејството, посакувајќи им многу здравје, бериќет и љубов, а детето да порасне во мир и хармонија.
 
Инаку,минатата 2022 година, првото родено бебе, исто така, беше машко, прво дете на брачниот пар Спасови од населеното место Давидово.
Покрај традиционалната парична награда за првото родено дете во новата година, Општина Гевгелија, во рамките на Програмата за социјална заштита, доделува и еднократна парична помош за сите новороденчиња, жители на општина Гевгелија. 
 
Според евиденцијата и поднесените барања, во 2022 година, Општина Гевгелија исплатила еднократна парична помош за 162 новороденчиња. Од нив, 76 се машки, додека 86 девојчиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *