НАМЕСТО ПОРОДИЛНО, СЕ ПРАВИ ПОДЕЛБА НА МАЈЧИНСКО, ТАТКОВСКО И РОДИТЕЛСКО ОТСУСТВО СО НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

WEB Телевизија во живо

Родителско отсуство од вкупно 13 месеци, од кои 9 за мајката и 4 за таткото, предвидува новиот Предлог-закон за работни односи кој е во нацрт верзија, објави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

Наместо досегашното породилно отсуство, се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство.
 
Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, . мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно.
 
Воспоставувањето на трите вида на отсуство освен обезбедување заштита имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *