НАЈРАНО ВО ПОНЕДЕЛНИК СЗО ЌЕ ОБЈАВИ ДАЛИ ЌЕ СЕ УКИНЕ КОВИД ПАНДЕМИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Меѓународен панел на експерти денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, велат извори од телото со седиште во Женева, пренесува Хина.
 
Одборот, чија расправа треба да заврши најрано вечерва, потоа треба да го извести директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус за своите заклучоци, оставајќи му да одлучи за или против укинување на сегашната вонредна состојба.
 
Претходно оваа недела, Тедрос изрази загриженост поради континуираниот пораст на бројот на смртни случаи поврзани со Ковид.
Ниту прогласувањето, ниту укинувањето на вонредната состојба немаат непосредни последици. Секоја земја сама одлучува како да управува со кризата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *